Пендаровски-Селаковиќ: Да продолжиме да ги негуваме доброседските односи меѓу Македонија и Србија

од Nikola Popovski
325 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, а повод за средбата беше празникот Свети Сава, кој во нашата земја се одбележува како Национален ден на Србите.

– Оваа година, поради Ковид-19, Северна Македонија е единствената земја во регионот каде што се организира прославата на празникот Свети Сава и Академијата Свети Сава за српското малцинство. Тоа беше причината за средбата со претседателот Пендаровски, која помина во топла, пријателска и празнична атмосфера, изјави Селаковиќ по средбата.

Шефот на српската дипломатија рече дека разговарале и за тоа што можат двете земји да направат за да ја подобрат положбата на припадниците на националните малцинства, како во Србија, така и во Северна Македонија.

Тој му се заблагодарил на Пендаровски за неговата љубезност и желбата да се одржи ваква средба, додавајќи дека на нас е да ги негуваме добрососедските односи со Северна Македонија.

-Селаковиќ изјави дека на средбата се разговарало и за продлабочување на економската соработка, како и за важноста на иницијативата „Отворен Балкан“, соопшти српското МНР.

– Нашиот фокус е на меѓусебно почитување, негување пријателски и добрососедски односи, но и продлабочување на соработката на сите полиња, со сериозен акцент на економската соработка, додал Селаковиќ.

На средбата меѓу Селаковиќ и Пендаровски присуствувале и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, како и претставници на српската заедница во Македонија.

Селаковиќ вечерва во Скопје ќе се обрати на Светосавската академија во Македонскиот народен театар.

Слични содржини