Пендаровски на средба со ОМО Илинден Пирин

од Берта Китинска
156 прегледи

Денеска на пладне преседателот Стево Пендаровски ќе ги прими и Македонците од Бугарија во Вила Водна. Средбата е на барање на ОМО „Илинден Пирин“, а ќе присуствуваат повеќе здруженија од Бугарија. Оваа средба еднаш веќе беше одложена.

Во писмото Македонците од Бугарија велат дека внимателно ја следат ситуацијата со напорите на Македонија за членство во ЕУ и велат дека безрезервно ги поддржуваат аспирациите на етничките браќа од Македонија за достојно место меѓу народите на демократска Европа.

Пендаровски вчера најави дека во текот на следниот месец ќе оди во официјална посета на Бугарија. Во соопштението од неговиот кабинет е посочено дека тоа го договара со својот бугарски колега Румен Радев, а целта е двајцата да дадат позитивен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји.

„Ќе се обидам многу наскоро да дадам и личен придонес во процесот зашто мислам дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде контрибуција. За не повеќе од месец, планираме, договараме со мојот колега Радев официјална посета на Бугарија. Мојот став е дека двајцата претседатели мора да дадат позитивен придонес за успешно завршување на овој процес зашто тоа е стратегиски интерес на двете држави. Убеден сум дека Радев го дели моето мислење“, изјави Пендаровски на тркалезната маса „ Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“.