Од ДУИ, во овие 20 години произлегле над 13 политички партии сите со краток здив.И тоа од политички фигури кои биле на високи функции во партијата.Господиното Фатмир Лимани не бил на ниту една висока позиција во партијата така со среќа нека име на сите што мисламт дека има подбро од ДУИ, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи во Утрински Брифинг во врска со најавите на поранешниот заменик-директор на ЕСМ и внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани, кој најави дека ќе се приклучи кон партијата Беса заедно со својата политичка структура.
Лимани беше независен кандидат за градоначалник на Кичево на локалните избори минатата есен.
Од Беса целат дека станува збор за крупен политички настан, поради тоа што Лимани, покрај во Кичево, каде водеше тесна борба за градоначалничката функција, има ограноци и во Скопје, Арачиново, Битола, Струга и во други места.