Ќучуков: Најголеми противници на договор меѓу С.Македонија и Бугарија се истоимени партии во двете земји – ВМРО

од Берта Китинска

„Политички, Бугарија падна во целосна изолација во ЕУ. Ја изгубивме целата наша предност како членка, притисокот од кандидатот за членка го пренасочивме кон нас. Ја презедовме улогата на „погодниот грешник“. изјави Љубомир Ќучуков од Институтот за меѓународни односи за бугарска „Нова“.

Според него, каков и да има договор меѓу Бугарија и Македонија, тој мора да добие поддршка од парламентот и општеството. „Може да испадне дека со сегашната акумулација на негативност, изнаоѓањето договор ќе потрае помалку политичко време отколку обезбедувањето домашна поддршка во Софија и Скопје“, рече тој.

Појасни дека довербата е клучен услов во преговорите.

„Интересно е што најголемите противници на договор се две партии со исто име во двете земји – ВМРО. Последнава година Бугарија излезе од одбрана и ја пушти рамката, на која сега се работи“, објасни Ќучуков, додавајќи дека Бугарија е формално важна за ЕУ.

А спорот стана тркачка патека за патриотизам. „Главниот резултат од бугарско-македонските разговори е дека има согласност за постигнување договор, климата на билатералните односи се менува и сега постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствен начин да се направи тоа се меѓувладините преговори“, изјави дипломатот.

Слични содржини