СДСМ: Мицкоски претстави стари кадри, некои уште од времето на Груевски

од Nikola Popovski
177 прегледи

Владеачката СДСМ ги опиша новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и новите потпретседатели како „стари кадри и веќе докажани протагонисти на партијата, некои од нив уште од времето на Никола Груевски“.

-Гордана Димитриеска Кочовска е позната како заменик министерка за финансии во техничката влада, која среде пандемија кочеше изградба на болници за ковид пациенти.

За старите добро познати имиња уште од времето на режимот како десната рака на Миле Јанакиески – Владо Мисајловски кој останува потпретседател.

Во ова друштво е и најголемиот извор на лажни вести, Александар Николоски, кој останува на истатата позиција, појаснуваат од партијата, додавајќи дека со самото тоа што и во овој состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Антонијо Милошески, Влатко Ѓорчев, Трајко Славески покажува дека Мицкоски ниту сака, ниту може да ја реформира својата партија.

Лидерот на најголемата опозициска партија вечерва информираше дека ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели.

-Тоа е Тимчо Муцунски и Гордана Димитриевска Кочовска. Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се аналитичарот Сашо Клековски, Маја Кадиевска-Војновиќ, докторот Ристо Симеонов, доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше, пратениците Ели Панова и Миле Лефков, Луке Галески, актерот Зоран Љутков, како и Марија Митева, актуелна портпаролка на партијата, истакна Мицкоски.