Деле Али во Евертон: „Со нетрпение очекувам да работам со Лампард“

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Англискиот фудбалер Деле Али е нов играч на екипата на Евертон, соопштија од Премиер лигата.

Фудбалерот од средниот ред потпиша двегодишен договор со клубот од Ливерпул, а во тој тим доаѓа од Тотенхем.

За лондонскиот тим настапува од 2015 година и настапи на 269 натпревари, со 67 постигнати голови.

Али (25), со тоа стана второто засилување на новиот тренер на Евертон, Френк Лампард, откако Дони ван де Бик беше донесен на позајмица од Манчестер Јунајтед.

„Среќен сум што потпишав со Евертон, голем клуб со голема база на навивачи и историја. Едвај чекам да го одиграм мојот прв натпревар во дресот на клубот. Сакам да му помогнам на тимот и со нетрпение очекувам да работам со новиот тренер Лампард“, рече Али.

За репрезентацијата на Англија одигра 37 натпревари и беше еден од најважните играчи за пласманот на селекцијата во полуфиналето на Светското првенство 2018 година.

Првиот натпревар во Премиер лигата за Евертон, Али треба да го одигра на 8 февруари на гости кај Њукасл.

По 20 одиграни натпревари, Евертон се наоѓа на 16. место во Премиер лигата со 19 бодови.

Слични содржини