Христијан Мицкоски повторно на дело го покажа своето лицемерие пред целата јавност.Преку ден бара наставата во второто полугодие да продолжи онлајн, лажно загрижен за здравјето а навечер се гоштева и ги крши сите протоколи за заштита од Ковид-19, реагираат од владејачката СДСМ.
Оттаму додаваат дека Мицкоски кој среде пандемија посетувал кафеани и теретани.
-На сите им е јасно дека Мицкоски едно зборува а друго прави, велат од СДСМ.