Крушево се подготвува за одбележување на 119 годишнината од Илинденското востание, 49 годишнината од смртта на големиот сликар Никола Мартиноски и 15 годишнината од заминувањето на единствениот Тоше Проески, напиша на својот Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која е во посета на Крушево.
Посетата на Галеријата на Мартиноски, богата со вредни дела кои тој му ги подари на своето родно Крушево, е исклучително доживување.Спомен-куќата на Тоше Проески е болно „патување“ кое го споделив со синот на Аки Рахимовски, Кристијан.Крушево се подготвува за големи настани зашто, во највисокиот град на Балканот, одамна се вгнездила и историјата и непокорот и уметноста и убавината. Крушево е подарок, напиша Костадиновска Стојчевска.