392
Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) поднела тужба против пицерија поради именување на еден вид пица, наречена „Лига на шампиони“.
Во Нион е покрената тужба бидејќи сметаат дека сопственикот на оваа пицерија за својата реклама го користел брендот на УЕФА.
View this post on Instagram
Германската пицерија „Пица Волке“ го дала името на еден од своите производи богат со печурки „Champignons League“ (Лига на шампиони), што е многу слично со името на најсилното клупско натпреварување во Европа, „Champions League“ (Лига на шампиони).
Пицеријата на Инстаграм објави писмо од судот и жалбата од УЕФА, но смета дека на тој начин Европската куќа на фудбалот и направила само услуга и и направила добра реклама.