401
На фудбалерот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд денеска му бил продолжен притворот, под обвинение за силување, јави Би-Би-Си.
Полицијата од Манчестер соопшти дека притворот на Гринвуд е продолжен, а покрај обвинението за силување, додадено е и обвинението за смртни закани.
Младиот фудбалер на Јунајтед беше обвинет од неговата девојка Хариет Робсон за силување и насилничко однесување, по што беше уапсен во неделата.
Манчестер Јунајтед реагираше со соопштение во кое истакна дека „клубот нема толеранција за насилство и дека Мејсон нема да тренира или игра натпревари до дополнително известување“.
Фото: Profimedia