Гринвуд сака да се врати во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Крилниот напаѓач на Хетафе, Мејсон Гринвуд игра во одлична форма оваа сезона и тоа предизвика сериозни шпекулации за неговата иднина. Како што е познато, тој моментално е во шпанскиот клуб како позајмен од Манчестер Јунајтед, кој се уште ги држи неговите права.

Се зборува дека за Англичанецот има сериозен интерес од неколку клубови, но тој самиот би сакал да се врати на „Олд Трафорд“ доколку клубот реши да му даде уште една шанса.

Така барем тврди трансфер експертот Руди Галети.

„Мејсон Гринвуд постигна уште еден гол за Хетафе против Лас Палмас. Манчестер Јунајтед ги следи неговите настапи и ќе одлучи за неговата иднина во јуни. Самиот играч претпочита да се врати во Премиер лигата и да се докажува со тимот на Црвените Ѓаволи“, изјави Галети.

22-годишниот талент има 25 настапи во сите натпреварувања за Хетафе, постигнувајќи 7 голови и 5 асистенции.

Слични содржини