Пендаровски се сретна со младиот херој Малетиќ: Неговата храброст заслужува огромно признание

од Берта Китинска
249 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави фотографии од тетовската населба Колтук, каде јавно го пофали храбриот подвиг на младиот Мартин Малетиќ, кој му го спасил животот на соседот.

„Подготвеноста да се ризикува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед. Неговата храброст и пожртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит“, вели Пендаровски.