„Стелт омикрон” се шири, ИЈЗ ќе утврдува дали новата мутација е присутна во земјата

од Берта Китинска
309 прегледи

Во моментов активни се 14.336 случаи од кои најголем број 8031 се во Скопје.

Примероци од пет пациенти тестирани за ковид-19 со наменски тестови кои ги користи Институтот за јавно здравје се селектирани за секвенционирање, кое почнува во понеделник, за да се утврди дали иасм присуство на БА2 подваријантата на омикрон.

-До овој момент, во лабораторијата на ИЈЗ не се детектирани подваријанти на омикрон.Стручните лица ги селектираат примероците кои се квалификуваат за да се секвенционираат. Јавноста навремено биде информирана за сите нови аспекти од овој процес, велат во изјава за „Локално“ од Министерството за здравство.
Според податоците на Институтот за јавно здравје досега во земјава потврдени се вкупно 255 случаи на зараза со сојот омикорн.

Денеска Светската здравствена организација информираше дека подвидот на сојот омикрон, наречен БА.2 или како што некои научници го нарекуваат „стелт омикрон”, е откриен во 57 земји.

Списанието „Форбс” пишува дека во изминатите шест недели, подвидот омикрон БA.2 почнува да го презема приматот над оригиналниот сој на омикрон (БA.1), според податоците испратени до Глобална иницијатива за информации за грип (GISAID) додаде СЗО.

Иако БA.1 сè уште претставува повеќе од 96 проценти од секвенционираните случаи на омикрон, на БA.2 отпаѓа повеќе од половина од секвенционираните омикрони примероци во некои земји, наведува СЗО во неделен извештај.

СЗО соопшти дека малку се знае за разликите меѓу подвидовите на омикрон, иако, како што веќе беше споменато, постојат индикации дека БA.2 е позаразна од БA.1.Техничката директорка на СЗО, Марија ван Керхкова, изјави пред новинарите дека „нема индикации дека има промени во сериозноста на болеста” со подвидот БА.2.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470.

Слични содржини