Уште една важна и вредна донација од 1.061.000 американски долари за целосно опремување со вкупно 593 камери на сите Сектори на Министерството за внатрешни работи, односно на Единиците за безбедност на сообраќајот и Одделот за гранични работи. Ова е проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на САД.
„Имам можност да ве информирам за заокружувањето на проектот ,„Мобилен систем за снимање со камери“ поставени на полициските службеници што вршат контрола и регулирање на сообраќајот, што претставува уште една важна и вредна донација од еден милион и шеест и една илјада американски долари, проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на нашите пријатели Соединетите Американски Држави, наменета за Единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи “, рече министерот Оливер Спасовски на денешниов настан.
Спасовски образложи дека примената на овој систем започна 2016 година во Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата овде во Петровец, каде првично беа набавени 17 камери од страна на ИЦИТАП по што продолживме во континуитет со опремување на единиците за сообраќај во останатите СВР ширум земјава.
„Мобилниот систем за снимање значи целосно опремување со вкупно 593 камери на сите Сектори за внатрешни работи, односно на единиците за безбедност на сообраќајот и Одделот за гранични работи , фундиран врз исто така веќе воспоставената информационо-софтверска инфраструктура за нивно непречено и квалитетно работење преку бројни обуки и стручни едукации на полициските службеници“, потенцираше Спасовски.
Тој исто така подвлече дека станува збор за проект што има суштинско место во стратешкиот план на Бирото за јавна безбедност при МВР – во делот на сообраќајот, односно сообраќајните работи, чијашто имплементација е поткрепена и нормативно преку Законот за полиција и оперативно – преку веќе постоечките Стандардни оперативни процедури за работење што со себе носи бенефит што многу значати за нас како полиција и за граѓаните како учесници во сообраќајот и дека впрочем со мобилниот систем за снимање не само што ќе се добие на квалитет во документацијата на прекршоците, туку истовремено ќе се подигне квалитетот квалитетот на полициското постапување, неговата професионалност и транспарентност.