Се олеснуваат мерките за влез на државјаните на Република Северна Македонија во Република Косово, Кралството Норвешка како и во Република Бугарија.
-Со најновата одлука на Владата на Косово, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против Коронавирусот или негативен ПЦР тест.Со новата одлука нашите државјани можат да влезат во Косово доколку поседуваат сертификат за примени две дози вакцини против Ковид-19, или една доза но со ПЦР тест. Норвешка им ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што сепак продолжува да се бара пополнување на формулар за регистрација пред влегување во Норвешка (https://reg.entrynorway.no/) како и задолжително приложување на негативен ПЦР тест направен 24 часа пред влез во Норвершка, доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, информираат од МНР.
Оттаму додаваат дека исто така се олеснети мерките за влез во Бугарија, кои предвидуваат приложување на еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози на вакцина против КОВИД 19; сертификат за прележан КОВИД 19; негативен ПЦР;или негативен антиген тест.