Апсолутна невистина се денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ за наводна поврзаност со луѓето кои учествувале во инцидентот кој се случил на 24.01.2022 во угостителски објект во Крива Паланка.Во врска со овој настан надлежните институции имаат реагирано навреме и преземени се сите потребни мерки, велат од СДСМ.
-Инцидентот бил пријавен и веднаш имало реакција од страна на МВР Крива Паланка, при што две лица биле приведени истата вечер. Дополнително од страна на ПС Крива Паланка за случајот е информиран и надлежен јавен обвинител.Пред законот сите се еднакви, секој кој го прекршил ќе одговара.Во ВМРО-ДПМНЕ огромен е очајот па затоа секојдневно со лаги неосновано напаѓаат членови на Владата, посочуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека Владата им помага на граѓаните додека нивните градоначалници не работат ништо.