СДСМ: Лагите за јавни набавки на МВР се дефокус на јавноста од штетите што ги прави ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
153 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да конструира наводни скандали во обид да го прикрие неработењето на своите градоначалници и деструктивното дејствување во Собранието, се вели во реакцијата на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторените лаги за јавни набавки на МВР кои се одвивале согласно законите, јавно и транспарентно не можат да го оттргнат фокусот на јавноста од штетите што ги прави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот факт што ниту една компанија не поднела жалба или барање за поништување доволно зборува за законитоста на набавките.

ВМРО-ДПМНЕ или блокира или шири лажни вести, тоа е се што оваа партија им нуди на граѓаните, нема предлози, нема идеи, нема решенија, само лаги и измислици“, додаваат оттаму