Откако се потврди дека снимката од македонски училишта е лажна и дека системот на Министерството за образование и наука не е хакиран ВМРО-ДПМНЕ и должи извинување на јавноста, соопштуваат од СДСМ.
СДСМ тврди дека ВМРО – ДПМНЕ и мисли лошо на државата ширејќи лажни вести за да дојде до сопсвени интереси.
-Доцна синоќа ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ширеше хистерија и неосновано напаѓаше повикувајќи се на лажни твитер објави. ВМРО-ДПМНЕ е решето, со пари од земји кои не и мислат добро на државава, постојано шири лажни вести за да наштети на државните интереси. За да дојде до ситни политички поени ВМРО-ДПМНЕ го допре дното, велат од СДСМ.