Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од 2.790 тестови, забележани се 690 нови случаи на Ковид-19.
Билансот по градови изнесува Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.
Регистрирани сe 676 оздравени пациенти од: Скопје – 460, Прилеп – 67, Тетово – 33, Струмица и Охрид – по 24, Гостивар – 21, Кочани – 14, Струга – 10, Штип – 6, Македонски Брод – 3, Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на КОВИД-19.