311
По веста дека од март се зголемува минималната плата на 18.000 денари, се огласи и поранешниот премиер Зоран Заев. Тој ја поздрави ваквата одлука.
Според него, ова е доказ дека новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, за интересите на работниците.
-Сега заедно, и работниците и работодавачите ( приватен и јавен сектор) да си земат обврска да ја подигнат продуктивноста. Мораме сите повеќе да работиме ако сакаме повисоки примања и повисок економски стандард. Честитки до Владата и Премиерот. Ова е важна и значајна одлука. Голема работа, објави Заев на социјалните мрежи.