СДСМ: Со измислени афери и пријави ВМРО-ДПМНЕ не може да го прикрие неработењето на Арсовска

од Берта Китинска
205 прегледи

По изјавата на Даниел Апостоловски од Град Скопје дека се поднесени кривични пријави против Љубица Јанчева, поранешен претседател на Советот на Град Скопје и Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје од СДСМ возвратија со реакција дека тоа се шпекулации, со цел да се прикрие неработењето на градоначалничката Данела Арсовска.

-ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки афери, поднесува пријави со една цел – да се обиде да го прикрие неработењето на градоначалничката Данела Арсовска.Три месеци од мандатот потроши Арсовска и не спроведе ниту еден еднинствен свој проект, освен што нивелираше некоја шахта и што ја партизираше градската администрација.Тоа го гледаат и граѓаните, тоа им е јасно на сите, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја правдаат Арсовска и преку конструкции и измислици се обидуваат да го прикријат нејзиното неработење и дејствување на штета на градот и граѓаните, соопштуваат од СДСМ.