МВР: Да се одјават возилата кои се нерегистрирани над две години

од Берта Китинска
308 прегледи

Согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека согласно пропишаните норми -сопственикот на возилото е должен:

-Да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако:возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија, ако возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини.Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува јавен повик до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 30.06.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура, велат од МВР.

Од министерството велат дека ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило ж во согласност со законските надлежности ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ке преземе мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.