Јулија Канакина, според многумина најубавата спортистка на Зимските олимписки игри во Пекинг, се уште не излегла на борилиштата. Оваа девојка која брка медал во скелетон за многумина веќе е победничка на Игрите.
Сега на Инстаграм ја следат 80.000 луѓе, а редовно споделува фотографии од тренинг, но не се двоуми да објавува и работи од приватниот живот.
„Некои се обидуваат да ме мотивираат со тоа што ми велат дека најважно е да победувам. Не сакам да размислувам така. Сакам само да уживам во конкуренцијата, да ја работам својата работа… Така ќе успеам“, изјави таа неодамна за руските медиуми.
View this post on Instagram
Сепак, таа решила да се огради од ваквото размислување.
„Да се каже дека е важно само да се учествува би било погрешно. Сите сме тука поради подиумот и сите ќе се бориме, вклучително и јас“, изјави оваа убавица.
View this post on Instagram
По завршувањето на спортската кариера сака да се посвети на хуманитарната работа. Веќе на 26 години размислува за уште една кариера.
„Би сакала да отворам прифатилиште за бездомници, се надевам дека ќе успеам да соберам доволно пари и да ги добијам сите потребни дозволи од локалните власти“, рече Канакина, на која обожавателите и пишуваат дека „е божица и една од најубава на ЗОИ“.