ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да се вклучи во работните групи со Бугарија, Мицкоски да каже што му одговорил на Петков, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека Христијан Мицкоски нема државнички капацитет.
-ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да вклучи свои претставници во петте работни групи со Бугарија но тие јавно одбија да учествуваат.Наместо да се вклучи во важни процеси од интерес на нашите граѓани и државата и активно да придонесе во барањето решенија за отворените прашања Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да седат на страна.Мицкоски и должи на јавноста одговори што му кажа на бугарскиот премиер Петков за време на неговата средба, велат од партијата.