327
Дванаесет лица се повредени на аеродромот во Саудиска Арабија од шрапнел предизвикан од експлозија на дрон пресретната од воздушната одбрана, соопшти денеска коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските Хути.
Во изјавата што ја пренесе телевизијата Ал Арабија, коалицијата ги предупреди луѓето да избегнуваат цивилни локации што се користат за воени цели во следните 72 часа во главниот град на Јемен, Сана, пренесува „Ројтерс“.
Операциите на воздушниот сообраќај на цивилниот аеродром Аба се вратија во нормала по стандардните безбедносни процедури по пресретнувањето на дронот, се вели во соопштението на коалицијата објавено од државните медиуми.