Тренерот на Барселона Чави како приоритетна трансфер цел за следното лето го постави францускиот интернационалец од Милан – Тео Ернандез, пренесe весникот „АС“.
Каталонците ја посочија левата одбранбена зона како една од важните области за засилување, бидејќи Жорди Алба веќе има 33 години, а двете страни продолжуваат да имаат сериозни проблеми со договорот на новиот играч. Алба е еден од ретките играчи кои се уште немаат потпишано договор со намалени параметри по финансиската криза на „Камп Ноу“.
За време на зимскиот преоден рок, од Барселона се обидоа да го земат Николас Таqафико од Ајакс, но двете страни никогаш не успеаја да постигнат договор, што беше признато од раководството на холандскиот гигант.
Токму поради оваа причина, Каталонците сега решија да се фокусираат на Ернандез, кој игра одлично со тимот на Милан, па дури и успеа да стигне до репрезентацијата на светскиte шампиони.
Неговиот стил на игра и сериозната офанзивна помош беа исто така меѓу главните причини поради кои Чави го посакува во својот тим.
Сепак, оваа информација доаѓа како изненадување, бидејќи дури вчера трансфер гуруто Фабрицио Романо на Твитер напиша дека Ернандез постигнал договор со раководството на „росонерите“ за нов договор, кој се очекува да биде објавен денеска или во наредните денови.