Еден човек е убиен за време на нереди во Сао Паоло меѓу навивачите на Палмеирас кои гледале како нивниот тим губи од англиски Челси во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, соопшти бразилската полиција.
Човекот, за кој полицијата рече дека е затворски чувар кој не бил на должност, бил застрелан пред стадионот Палмеирас во Сао Паоло, каде што илјадници навивачи се собрале да го гледаат натпреварот на големи екрани.
„Дошло до тепачка меѓу навивачите, која прераснала во нереди, а еден маж бил застрелан“, се вели во соопштението.
Интервентната полиција употребила солзавец и гумени куршуми за да ја растера толпата, а едно лице е уапсено, се вели во соопштението, додека полицијата продолжила да патролира во областа за да спречи понатамошни немири.
Европскиот шампион Челси го победи Палмеирас, шампионот во Копа Либертадорес, со 2-1 по продолженијата во Абу Даби.
Палмеирас не успеа да стане клупски светски шампион и со тоа да им се приклучи на бразилските клубови Коринтијанс, Сантош и Сао Паоло, кои претходно го освоија трофејот.