СДСМ: Милошоски е најмалку повикан да зборува за националните интереси

од Берта Китинска
167 прегледи

Антонијо Милошоски, човекот кој го нарекуваше Блаже Конески „џуџето од Небгрегово“ кој нарачуваше лустрација на Славко Јаневски е најмалку повикан да зборува за македонските национални интереси, велат од СДСМ.

Оттму велат дека декларацијата е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ.

-Делото на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев и неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност не заслужува ваков потценувачки однос.Гоце Делчев не заслужил да биде сведен на политичка декларација и тоа поднесена од партија која ги слави историските личности кои бил против Делчев, против неговите дела и вредности, велат од СДСМ.