Претседателот на Србија Александар Вучиќ го распушти Собранието и ги распиша парламентарните избори за 3 април во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.
„Сите изборни рокови и изборни дејствија започнуваат во исто време. Претходното свикување на Националното собрание направи одлична работа во претходниот период, особено за прашањата за економскиот напредок и одржувањето на стабилноста“, вели Вучиќ, пренесува Новости.
Тој ги повика граѓаните на Србија да учествуваат на изборите, и да го покажат сиот демократски капацитет на нашата земја.
„Ова ќе биде уште еден чекор кон демократска и просперитетна иднина. Сакам тие што ќе победат да ја водат Србија на најдобар можен начин. Ни претстои интересна и сериозна кампања и ги повикувам граѓаните да ги зајакнат демократските капацитети на нашата земја“, рече Вучиќ и заклучи:
„Сигурен сум дека граѓаните на Србија знаат да го изберат најдоброто. Нека победи најдобриот. Почитувани граѓани на Србија, нека ви се среќни избори“.
Владата на Србија вчера го усвои предлогот претседателот на Републиката да го распушти актуелното свикување на Народното собрание.
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ во 17 часот ги распиша локалните избори за 3 април годинава.
Дачиќ рече дека Собранието од 3 август 2020 година до 14 февруари разгледувало и одлучило по 435 точки на дневен ред, дека донело 265 закони, од кои 241 се во редовна процедура.
Како што напомена, во тој период биле одржани 67 седници на Народното собрание, кои траеле 136 дена.