Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица од коронавирус.
Црниот биланс по градови изнесува 13 починати лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 – 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица, 10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.