Пендаровски: МНР и Владата избираат генерален конзул

од Nikola Popovski
324 прегледи

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се огласија по повод постапката за именување на генерален конзул на Македонија во странство. Од таму велат дека тоа не е во надлежност на претседателот на државата, туку на Министерството за надворешни работи и Владата.

– Постапката за именување генерален конзул ја покренува министерот за надворешни работи, кој до Владата доставува предлог за именување на генерален конзул. По прифаќање на кандидатот од страна на Владата, Министерството бара егзекватура од земјата на приемот, а по нејзиното добивање и завршените подготовки, Владата донесува одлука за именување на генерален конзул, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Во соопштението се додава дека патентното писмо за генералниот конзул, онаму каде што е потребно, го парафира министерот, а го потпишува премиерот.

Ваквата реакција следува по информациите во медиумите дека синоќа владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк. Ејупи е ТВ-презентерка на вести.

Владините портпароли денес не ја потврдија ваквата информација.

Слични содржини