266
Собранието со 59 гласа „за”, ниту еден против и воздржан, ја донесе Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, во рамки на 63-та седница.
Кризната состојба ќе трае до 30 април 2022 година.
ЕСМ треба да ја преземе обврската за снабдување со топлинска енергија наспроти БЕГ како снабдувач во услови кога цената на енергенсот е за 40 отсто зголемена.