СДСМ: Кога не блокира закони ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести за птичји грип

од Nikola Popovski
262 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста, по случајот на птичји грип се постапува уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференција. Кога не блокира закони ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести со цел да внесе вознемиреност во јавностa, соопштија од владеачката СДСМ.

Лагите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно демантирани, додаваат од партијата на „Бихаќка“.

Се појави птичји грип во Македонија. Власта молчи наместо да ја информира јавноста и да преземе итни мерки, обвини Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако една од првите работни посети на Љупчо Николовски се случи во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде што намерата беше да се покаже институционалниот капацитет на ресорот, сите нивни медиумски напори паднаа во вода“, напиша тој на Фејсбук.

Агенцијата за храна и ветеринарство екипите денес објави дека уште од вчера се терен и постапуваат по случајот на птичји грип, се врши епидемиолошко истражување, а денеска заседавал и Националниот центар за контрола на болести.

Слични содржини