СДСМ останува посветена на унапредување на животниот стандард на граѓаните. Следува усвојување на законот за зголемување на минималната плата, по што од први април 80.000 граѓани ќе добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари, посочувааат од СДСМ.
Оттаму велат дека растот на минималната плата ќе доведе и до раст на останатите плати.
-Затоа се важни измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што ВМРО-ДПМНЕ ги блокира цела година.ВМРО-ДПМНЕ намерно пласира дезинформации во јавноста во врска со овој Закон, лажејќи дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието.Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ оди до таму што пратениците од оваа партија поднесуваат паушални законски решенија идентични на оние кои ги блокираат, велат од владејачката партија.