СДСМ: Просечната плата достигнува 30.000 денари

од Берта Китинска
145 прегледи

Економските политики што ги презема Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати.И во време на глобална економска и здравствена криза не застанува растот на платите во државата, информираат од владејачката партија.

-Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во месец декември 2021 година изнесува 29.943 денари, што е за 5,8 отсто повеќе во однос на декември 2020 година.Исполнивме уште едно ветување дадено пред граѓаните, просечната плата веќе достигнува 30.000 денари, посочуваат од партијата.