Пендаровски: Заклучокот на состанокот на НАТО е дека Русија е агресор

од Берта Китинска
260 прегледи

Вчера имаше вонредна седница на Советот на НАТО со заклучок дека има напад врз цела територија на една суверена земја, што е без преседан, а тоа е сериозен обид да се нарушу архитектурата на безбедноста во Европа, вели за Утрински брифинг претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски.

-Ние сме членки на НАТО, индикативно ми е што состанокот на ЕУ траел долго, а состанокот на НАТО траеше точно 60 минути, говореа сите и заклучокот беше еден: Русија е агресор. Во однос на санкциите, тоа се главно финансиски санкции и не нерувам дека ќе имаат поголем ефект. Голем дел од операциите во Украина се финансирани и со биткоини а тоа не може да се сопре, вели претседателот Пендаровски за Утрински брифинг.