СДСМ: Нервозната Арсовска навредуваше и замолчуваше архитекти откако тие ги разобличија нејзините лаги

од Берта Китинска
233 прегледи

Освен неработа и неспособност градоначалничката на Скопје Данела Арсовска демонстрира дрско и безобразно однесување. Денеска нервозната Арсовска на јавен настан навредуваше архитекти, се расправаше со нив и се обидуваше да ги замолчи да ја кажат вистината за Универзална сала, велат од СДСМ, по одржаната прес-конференција на градоначалничката на Град Скопје, пред Универзалната сала која се скара со Асоцијацијата на архитекти.

-Однесувањето на Арсовска потсети на режимските времиња кога стручната јавност, новинарите и граѓаните се замолчуваа и им беше забранувано да зборуваат.Денеска пред целата јавност пропаднаа обидите на Арсовска преку лаги да ги плаши граѓаните на Скопје дека Универзална сала е небезбеден проекти.Архитектите, стручната јавност потврди дека проектот за реконструкција на Универзална сала е безбеден, направен по сите стандарди, посочуваат од СДСМ.