Муслиу: Доколку Украина беше членка на НАТО, Русија немаше да тргне

од Nikola Popovski
339 прегледи

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека санкциите од САД и ЕУ кон Русија се долгорочни, односно тие не предизвикуваат краткорочни штети.

-Друго ќе беше ако Украина беше членка на НАТО, тогаш ова воопшто немаше да се случи. Тогаш другите земји-членки на НАТО ќе имаа обврска за да станат и реагираат. Целата стратегија не е рационален потег. Тоа со Донбас го разбирам. Сепак Украина е втора во Европа, со 50 милиони жители, но сметам дека не можете да ја окупирате и да ја држите окупирана, вели Муслиу во емисијата „Само вистина“, додавајќи дека Москва оди на промена на режимот и поставување на марионетска влада во Киев.

-Понатамошна ескалација на ова значи светска војна, појаснува Муслиу.

Слични содржини