„Мирот и безбедноста на граѓаните се од огромно, непроценливо значење, кое за жал во вакви трагични моменти, особено го потенцираме. Како една мала земја, ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата“, изјави денеска на прес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„За нас, овој историски успех, ова исполнување на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.
Денеска можеме јасно да видиме. Нема цена мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која со членството на НАТО ја обезбедивме. Нашите граѓаните се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот“, додава таа.