Владеачката СДСМ соопшти дека преку Владата, министерството за одбрана и парламентарното мнозинство што го предводи во изминатите години сериозно го зајакнаа економскиот стандард и статусот на вработените во одбраната.
-Има драстично покачување на платите, обезбедивме надомест од 8 000 денари за станарина и континуирано ги подобруваме условите за работа, велат од СДСМ.
Според нив, Законот за служба во Армијата кое се наоѓа во Собранието, со месеци е блокиран од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму вистинската адреса за денешниот протест е пред седиштето на оваа партија.
-Решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години е веќе подготвено преку Законот за служба во Армијата, потврдија од партијата.