СДСМ: Граѓаните можат да бидат спокојни, буџетот е ликвиден

од Берта Китинска
207 прегледи

Владата ги следи глобалните економски текови кои во периодот се нарушени од руската агресија врз Украина. Државата, институциите се подготвени да одговорат на предизвиците во делот на економијата и енергетиката, со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Граѓаните можат да бидат спокојни. Буџетот е ликвиден и во моментот се спроведуваат сите најавени мерки, велат од владејачката партија.

-Од јануари до сега 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија.Со мерката за покривање на дел од сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи се покриваат од 600 до 800 денари за сметките за струја на домаќинствата, информираат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека со брзата интервенција е спречен нормен раст на цената на струјата.

-Со навременото активирање на сите расположливи капацитети за производство на струја.Во таа насока е и одлуката за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто со кое им се помогна на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.Владата одлучи од први март до 31 мај да ги ограничи маржите во трговијата. На мало заработката се ограничува на 10%, додека во трговијата на големо на 5%. Станува збор за производите чии цени досега беа замрзнати, а сега се додаваат и овошјето и зеленчукот, стои во соопштението на СДСМ.