Светски шампион во бокс им се приклучи на украинските сили

од Nikola Popovski
328 прегледи

Олександар Усик, светскиот боксерски шампион во тешка категорија според верзиите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, им се придружи на украинските одбранбени сили и со оружје во рака ќе го брани Киев. Непоразениот боксер пред два дена објави видео во кое повикува да престане руската агресија врз Украина, а со видео изјава испрати и порака до рускиот претседател Путин. Тој побара од него да ја прекине војната и да седне на преговарачка маса со украинските власти.

-Апелирам до рускиот народ, ако нè сметате за братски народ, не дозволувајте руската војска, вашите деца, да дојде во нашата земја. Престанете да не напаѓате! Апелирам и до претседателот Путин. Стоп за оваа војна! Не давајте ни ултиматуми и не поставувајте ваши услови, само седнете на преговарачка маса, рече тој.

Денеска е снимен со пушка во рака како дел од територијалната одбрана на главниот град на Украина.

– Некои пишуваа дека побегнав, но не. Бев отсутен поради работа, но се вратив. Сега сум дома. Пријатели, мора да се обединиме во ова тешко време. Многу сум емотивен поради мојата земја и мојот народ. Сите ние треба да работиме заедно за да ставиме крај на оваа војна, рече Усик по враќањето во Украина.

Покрај браќата Кличко и Усик, оружје во рацете зема и украинскиот боксер Василиј Ломаченко (34). Украинските медиуми објавија дека тој се приклучил на воената дивизија во територијалната одбрана на неговиот роден град Билгород-Днестар.

Слични содржини