304
Комисијата за заразни болести денеска не дискутирала за укинувањето на маските во училиштата.
-Состојбата во училиштата е постабилна. Ако се случи укинување на маските, тогаш би требало да направиме веројатно нов скрининг и да се следи ситуацијата каква би била трансмисијата на вирусот во такви нови околности, информира денеска портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ.
Тој додаде направениот скрининг покажал дека 0,8 проценти е трансмисијата помеѓу оние ученици коишто се избрани по случаен избор.