Фрчкоски ќе биде амбасадор во ОН, Пендаровски го потпиша указот

од Nikola Popovski
333 прегледи

Претседателот на државата Стево Пендаровски го потпишал указот за заминувањето на универзитетскиот професор и некогашен министер за надворешни и за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски како амбасадор на земјава во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

На неговотo именување се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде Фрчковски требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.

–Притоа, информираме дека уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побара од надлежната комисија во Собранието на Република Северна Македонија да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса. Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови беа исполнети.  Имено, постапката за именување амбасадор завршува со одбраната на тезите на кандидатот пред колегиумот на Министерството за надворешни работи, а тоа Фрчкоски го има направено уште минатата година.  Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите Нации таква седница воопшто не беше закажана, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Слични содржини