Пендаровски: Војната во Украина не е далеку од Македонија

од Nikola Popovski
314 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски смета дека предлогот за Украина да добие статус на земја што ќе ги започне преговорите со ЕУ е добар сигнал за Македонија.

-Нашите аргументи се дека давањето статус на кандидат за членство во ЕУ, дава дополнителен буст и мотив на Македонија. Западниот Балкан е на маргините на европските граници, вели Пендаровски за Дневникот на ТВ Сител.

Пендаровски појаснува дека Украина не е далеку од Македонија, со оглед на сигналите за проширување на украинската криза.

-Гледаме дека кризата не е толку далеку да се прошири. Денес видовме како белорускиот претседател Лукашенко на една презентација на зоните ја покажува Молдавија, Бугарија има водна граница со Украина. Треба да бидеме внимателни, рече Пендаровски.