Абрамович ја доби првата официјална понуда за Челси, втората се очекува за неколку дена

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович веќе ја разгледува првата официјална понуда што ја доби откако го стави лондонскиот клуб на продажба.

Според англиските медиуми, таа дошла од американскиот милијардер Тод Боели и неговиот швајцарски деловен партнер Хансорг Вис.

Абрамович сака 3 милијарди за Челси, но на Островот веруваат дека во сегашната ситуација рускиот олигарх тешко ќе дојде до таа сума.

Инаку, интересот за Челси е доста голем и најмалку десетина инвеститори ја следат ситуацијата и се подготвени да ги направат своите потези. Големината на првата официјална понуда не е откриена, но јасно е дека Абрамович мора да одговори на понудата до 15 март.

Според „Дејли Мејл“, рускиот милијардер ќе добие уште една сериозна понуда до крајот на оваа недела. Тоа ќе биде од британскиот тајкун Ник Кенди, со поддршка на други американски инвеститори. 49-годишниот бизнисмен е навивач на „сините“ уште од дете и веќе има план за реконструкција на „Стемфрод Бриџ“.

Слични содржини