Нуклеарната војна на Путин за кој можеби блефира е убиство за него и неговата земја, но никој нема да го повика на нуклеарен двобој. Има разумни луѓе кои сакаат да ја избегнат војната, вели универзитетскиот професор Денко Малески во Студио 10.
Тој вели дека Украинците ја разбираат реалната ситуација и дека за нив Трета светска војна не е опција.
-Украина разбира дека Трета светска војна не е опција, ги разбира претпоставувам грижите на Западниот Сојуз во крајна линија можеби првите кои би страдале за таква атомска војна би биле и самите Украинци. Сметам дека Украинците можат да загубат до 5 милиони од своето население. Мислам дека полека тие ја разбираат реалната ситуација, меѓутоа се плашам дека знаејќи малку нешто од политиката дека ретко да се најде претседател којшто ќе потпише она што го бараат Русите.Тоа ми изгледа некако неизводливо и оттаму е стравот дека овој конфликт може да се пролонигира, смета Малески.