Кристенсен ќе потпише пократок договор со Барселона отколку што се очекуваше

од Vladimir Zorba
414 прегледи

Андреас Кристенсен ќе биде првото засилување на Барселона за следната година, но Данецот нема да потпише до 2027 година, како што првично се очекуваше.

Матео Морето откри дека репрезентативецот на данската репрезентација денеска бил во Барселона и дека ги решил последните детали од преговорите, а единствена значајна промена е тоа што Кристенсен ќе потпише до 2025 година.

Се претпоставува дека ова е начин Кристенсен да држи повеќе работи во свои раце и дека после година-две, доколку е на високо ниво, може да побара посилен договор, кој Барса во овој момент не може да му го понуди.

Кристенсен се согласи на многу помали услови во Барса бидејќи верува во проектот на Чави, но доколку работите тргнат наопаку, тој нема да остане „врзан“ и по две години ќе може полесно да си замине.

Кристенсен ќе биде првото засилување за Барса, а по него сигурно е дека наскоро како слободни играчи ќе потпишат Френк Кеси и Нусаир Мазрауи, додека Аспиликуета и понатаму е на чекање.