Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна

од Берта Китинска
247 прегледи

Нема зголемување на лица кои влегуваат во државата од било која страна. Состојбата на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје е исто така мирна и стабилна, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Имаме постојана комуникација на домашните и партнерските служби, заедно работиме и во тој дел граѓаните треба да бидат спокојни. Институциите функционираат и нема ништо што во тој дел може да не загрози, а будно ќе ги следиме сите состојби што се на регионално ниво и оние што се поврзани со состојбата во Украина, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска по посетата на реконструираниот објект на Полициската станица – Карпош во Скопје.