ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека мерките на Владата предводена од СДСМ даваат резултат па затоа свесно шири шпекулации за набавки на Службата за општи и заеднички работи, велат од владејачката партија.
Оттаму додаваат дека лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека набавките се однесуваат само на Владата, тие се однесуваат на сите институции, како Собрание, Влада и Претседател.
-Станува збор за рамковни договори кои се однесуваат на потребите на сите овие институции, а проценетите вредности на договорите се исти со години, иако малопродажните цени денес се многу повисоки.И додека од ВМРО-ДПМНЕ свесно шират манипулации за редовни набавки, нивните градоначалници народните пари ги трошат за набавка на чоколади и апетисани и вдомување на партиски кадри во општинските администрации.Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски кој се жали дека општината нема пари, потроши 6.000 евра на чоколади и сокови, Тимчо Муцунски од Аеродром потроши 38.000 евра на ултра скапи компјутери, додека само Данела Арсовска за вработување на стотина партиски кадри годинава ќе потроши 670.000 евра од градскиот буџет, посочуваат од СДСМ.